nike tn Chaussure TN chaussure puma chaussures puma Ed Hardy Shirts Ed Hardy Clothes
МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Надворешна Политика > Дијаспора
 
ДИЈАСПОРА
 

Aкценти во работата на МНР кон дијаспората

Новиот пристап во работата со и кон дијаспората, во Министерството за надворешни работи значеше концентрација на до неодамна дифузната категоризација во концепцијата и воведувањето на терминот и концептот на ДИЈАСПОРА, значи поим што во себе ги опфаќа како Македонското национално малцинство (МНМ) и иселениците (лица со поранешно македонско државјанство), така и сите државјани на Република Македонија на престој и работа во странство независно од должината и категоријата на етнички Македонци што никогаш немале македонско државјанство. Со тоа се создадоа базичните предуслови МНР да може да ја реализира својата функција, односно стратешката и политичко - аналитичка димензија на дејствување спрема дијаспората.

Новиот пристап, исто така, се изрази и преку тоа што МНР, во насочувањето на работата на своите дипломатско-конзуларни претставништва, започна да го применува мултилатералниот принцип или евалуација на состојбите преку примена на меѓународните стандарди содржани пред се’ во Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства, а со тоа дефинирање и поставување спрема земјите на приемот врз тие принципи, додека спрема припадниците на дијаспората - развивање на концептот на правно советништво, што овозможува поттикнување на сопствените капацитети и самоодрживо поставување на дијаспората спрема резидентната земја.
Од преземените активности во изминатиот период ги издвојуваме следниве акценти: 

Координативно тело за иселеништво (КТИ)
Клучната новина во работата е аплицирање до Владата со конкретни проекти што беа одобрени и буџетски се алоцирани средства во тнр. Програма 40 (в. Прилог КТИ - Проекти).

Владини СТИПЕНДИИ за МНМ
Постапката за учебната 2005/06 се реализираше дури во февруари 2006 година и со тоа овие студенти беа ставени во крајно неповолна положба. За учебната 2006/07 година навремено беше преземена ПРОБНА процедура за владините стипендии на студенти од македонското национално малцинство (МНМ) за студирање на факултетите во Македонија, во одлична координација и соработка со Министерството за образование и наука.
Самата процедура предвидуваше диссеминација преку македонските дипоматско-конзуларни претставништва (ДКП) до заедниците и формите на здружување на МНМ, како на конкурсните услови на универзитетите во Македонија, така и на условите што треба да ги исполнат кандидатите за добивање стипендија. По присобраните апликации и документи, МНР и МОН направија избор, за што ги известија не само апликантите, туку повторно сите заинтересирани. Беа поднесени две основани жалби што беа прифатени и тие студенти, исто така, добија владини стипендии.
Со оглед на тоа што пробната процедура се покажа како исклучително квалитетна, а преку жалбена постапка се констатира една системска слабост, двете министерства планираат искуството да се артикулира во писмена форма, односно како пишана процедура да ја понудат на Владата за усвојување и, едновремено, да предложат во постапката за учебната 2007/08 година да се зголеми и бројот на стипендијантите.

Македонски национални малцинства
Покрај наведеното, на овој план Министерството се фокусира на примена на меѓународните стандарди и преку следење и поддршка на решенијата и одлуките на соодветните меѓународни инстанци и посебно Европскиот суд за човекови права.  
Едновремено, се работи на склучување билатерални спогодби за заштита на националните малцинства. По таквата спогодба со Србија, следи Хрватска.

Невладини организации
Материјата на дијаспората е опфатена и преку дејствувањето на редица македонски невладини организации. МНР презеде конкретни чекори во функција на пружањето непосредна правна и  материјална помош на нивните активности насочени кон прашања со меѓународен елемент. Најдобри примери се поддршката во организирањето на Меѓународната конференција на македонските Горани, како и поддршката на подготовката за поднесување апликација од страна на Сојузот на здруженијата на Децата бегалци и потомците од Егејска Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за враќање на одземените имоти во Република Грција.


Јавност во работењето
Со цел да се примени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер подготвени се следниве датотеки за истакнување на Веб-сајтот на МНР:

  • Адресар на македонските клубови и друштва во странство,
  • Табеларен преглед на бројот на нашите во странство (проценки и статистички податоци),
  • Прашалник- МАРРИ (појаснувања за работните процедури),
  • Работна збирка: РЕГУЛАТИВА ("Домашни" одредби, Ратификати - ратификувани меѓународни договори, Меѓународни стандарди - необврзувачки меѓународни документи и нератификувани меѓународни договори).

ДОКУМЕНТИ
 
 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
06.09.2010
Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ларс Валунд, ги предаде копиите од акредитивните писма
05.09.2010
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
02.09.2010
Проштална средба на МНР Милошоски со амбасадорот на Јапонија, Акио Танака
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995