nike tn Chaussure TN chaussure puma chaussures puma Ed Hardy Shirts Ed Hardy Clothes
МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Медиа Центар > Соопштенија
 
ВЕСТИ
 

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕДАДЕ КОПИИТЕ ОД АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА
Скопје, 29 Јули 2010 година

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Раковски Симеон Лашев, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

Амбасадорот Лашев, заблагодарувајќи се за топлиот прием, го поздрави позитивниот и успешен развој на односите меѓу двете соседни и пријателски држави и искажа подготвеност да придонесе за натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес, особено во инфраструктурата, енергетското поврзување, културната соработка, како и за унапредување на економската соработка.

Министерот Милошоски ги потврди европските и евроатлантски приоритети на нашата држава, нагласувајќи дека Владата на Република Македонија  останува посветена на својот реформски курс во правец на исполнување на сите критериуми за членство во ЕУ и НАТО, при што и натаму смета на конзистентната поддршка од Република Бугарија.

 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
06.09.2010
Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ларс Валунд, ги предаде копиите од акредитивните писма
05.09.2010
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
02.09.2010
Проштална средба на МНР Милошоски со амбасадорот на Јапонија, Акио Танака
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995