ПРЕПОРАКА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА Скопје, 29 Јули 2010 година Имајќи ја предвид блокадата и застојот во патниот сообраќај во Република Грција, настанат поради кризата со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици, предизвикана од штрајкот на транспортерите кои ги блокираат излезите од рафинериите и скалдиштата со гориво, Министерството за надворешни работи на Република Македонија препорачува граѓаните кои планираат да патуваат во Република Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн резервоар гориво, како и да внимаваат на количеството на гориво неопходно за враќање во Република Македонија.
Ситуацијата е посебно влошена во туристичките места, каде воопшто нема гориво и веќе има случаи на странски туристи останати на отворен пат.
На македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Грција, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи и македонските дипломатски претставништва во Атина и Солун.
Контакт-телефони:
Министерство за надворешни работи
02/ 311 0322, 02/ 3110 333
Канцеларија за врски, Атина
+30/ 210 674 9585
Канцеларија за конзуларни работи, Солун
+30/ 231027 7347 |