nike tn Chaussure TN chaussure puma chaussures puma Ed Hardy Shirts Ed Hardy Clothes
МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Медиа Центар > Соопштенија
 
ВЕСТИ
 

ПРЕС ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. Г. АНТОНИО МИЛОШОСКИ И Н.Е. Г. ИЛИР МЕТА, ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА И МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА
Скопје, 28 Јули 2010 година

Н.Е. г. Антонио Милошоски:

Почитувани новинари би сакал да ве поздравам и да го искажам моето големо задоволство што на гости го имаме албанскиот министер за надворешни работи, мојот пријател Илир Мета. Имавме добри, продуктивни и срдечни разговори коишто најпрво беа посветени на билатералните односи и на блиските политички контакти кои што ги имаме помеѓу двете соседни земји. Нашата цел е тие политички билатерални односи да ги продлабочиме во што посериозни енергетски,економски и инфраструктурни проекти.
Во тој контекст приоритет на двете земји е многу споменуваниот но сеуште недовршениот Коридор 8, кој што сакаме со сериозна посветеност  и нормално финансиска поддршка да го завршиме во периодот пред нас.
За време на Студената војна многу малку било инвестирано во инфраструктурно и енергетско поврзување на Македонија и Албанија. Таа одамна заврши, ние сме одговорни политичари и треба да најдеме  како да имаме инфраструктура и поврзување што ќе содејствува на нашите блиски односи. Од страна на република Македонија задоволни сме што  албанските соседи исто му даваат значење на предвидениот граничен премин Џепчишта-Требишта кој што се надеваме дека наскоро ќе можеме да го почнеме. Разговаравме и за регионалната соработка  и сметам дека Република Македонија и Република Албанија заеднички  дејствуваат во насока на постабилен регион и економски понапреден регион.
Во тој контекст, позитивно ја оценуваме одлуката  односно мислењето на Меѓународниот суд на правдата  во однос на косовското прашање кое што беше  покренато од страната на република Србија и сметаме дека  сето ова оди во прилог на отворање на ново поглавје на дијалог за современа стабилност и соработка во регионот.
Колегата Илир го запознав и за политичките состојби во Република Македонија  за реформите коишто Владата ги превзема, за стабилноста на владината коалиција и за  важноста што се придава кон оној уникатен  модел на Охридскиот договор кој што ја прави државата  со функционална демократија во  едни мултиетнички услови во нашето општество.
Истовремено разговаравме и за вниманието што македонската држава и албанските власти му го придаваат на македонското национално малцинство во Албанија и би сакале тоа внимание да продолжи и понатаму да се унапредува.
Во однос на приоритетите на надворешната политички план имаме една заедничка позиција и аспирации, тоа е без алтернативната амбиција на двете земји за интегрирање во европските  и евроатлански структури. Во тој контекст информиравме и за реформите коишто ги прави Република Македонија и во однос на вчерашниот Состанок за стабилизација и асоцијација во Брисел каде што Македонија повторно доби високи и позитивни оценки за реформите кои што ги прави во контекст на европската агенда.
Оваа година бевме информирани дека Албанија заслужено очекува визната либерализација да почне да се применува и по однос на граѓаните на Република Албанија и сметаме дека тоа ќе даде уште еден позитивен импулс во целиот регион.

Н.Е. г. Илир Мета:

Посебно задоволство за мене претставува да го посетам Скопје  по покана на мојот добар пријател Антонио Милошоски, затоа што односите меѓу Македонија и Албанија веќе 20 години се добри и комплементарни. Во измината пролет г. Милошоски беше поканет во Албанија кога нашиот претседател престојуваше во официјална посета на Македонија, додека контактите и односите меѓу двете земји се постојани. Ние очекуваме Македонија што поскоро да го заземе местото што и припаѓа во НАТО затоа што таа ги исполнила сите обврски и како членка на јадранската повелба. Исто така, очекуваме што поскоро да започнат преговорите Македонија и Европската заедница. Среќни сме што граѓаните на Македонија слободно се движат во Шенген зоната и се надевам дека за неколку месеци и сите граѓани на Албанија ќе ја уживаат таа можност и во таа смисла се потврдуваат заедничките евроатлански аспирации, заедничките односи меѓу нашите две земји но и нашата регионална политика. Во таа смисла сакам да го истакнам за храбриот чекор што го направи Македонија за признавање на Република Косово и решавањето на границата со Косово, чекор кој не беше лесен за двете страни но денеска по одлуката на Меѓународниот суд на правдата по барање на Србија јасно е дека признавањето на младата држава Косово била не само умна политичка работа туку и со солидна легитимна база, па затоа сум убеден дека и ова мислење на Меѓународниот суд на правдата ќе и помогне на Србија да се сврти кон  нејзината европска иднина. Ние се согласивме не само за унапредување на нашата билатерална соработка не само во рамките на билатералната туку и на регионалната соработка се согласивме да ги поддржуваме и двете земји во меѓународни рамки и да превземаме нови регионални иницијативи и се разбира како што спомна г. Милошоски и за развој на Коридорот 8. Јас верувам дека односите меѓу Македонија и Албанија ќе се зајакнуваат и понатака, тоа не е желба само на двете влади туку и желба на сите граѓани на двете земји. Во оваа смисла ние силно го поддржуваме целосното спроведување на Охридскиот договор, кој е од битно значење за стабилноста на Македонија и од нејзината меѓународна агенда. Ние веруваме дека Охридскиот договор придонесе за подобрување на соживотот, да се подобруваат правата на албанското малцинство во земјава и се разбира и за доближување на двете земји кон Европската заедница, од наша страна тоа доволно го покажува Албанија дека е решена да гарантира високи политички стандарди на етничките малцинства во нашата земја и се разбира и за македонското малцинство кое ги ужива и ќе ги ужива сите права. И сметаме дека иднина на Балканот е Европската унија, и спроведувањето на европските стандарди.

Новинар:

Министре Мета, денеска имате средба и со лидерите на албанските политички партии во Македонија. Која ќе биде пораката со оглед на односите што ги имаат лидерите на политичките партии меѓу себе?

Н.Е. г.Илир Мета:

Само во тоталитарни системи има тотално единство, а во демократските системи има разни ставови. Тоа што ние постојано го бараме од политичките сили на Албанците тука е да придонесуваат максимално за евроатланското интегрирање на Македонија, за зајакнување на нејзината стабилност, за правата на Албанците во земјава преку учеството во институции и унапредување на тие права секогаш на конструктивен начин

Новинар:

Министре Милошоски, рековте дека вчера сме добиле повторно високи оценки. Поблиску сме ли сега до датум за преговори?

Н.Е. г. Антонио Милошоски:

Вчера добивме три пораки од Европската комисија и од претседавачот на Европската унија, и МНР на Белгија. Првата порака беше дека во Република Македонија реформите се задржани на едно добро ниво и дека истите треба да продолжат, вториот беше дека политичкиот дијалог во Македонија е одговорност не само на власта туку и на опозицијата и третата порака беше дека, ако Република Македонија продолжи со ова темпо може да очекува позитивната препорака за отпочнување на преговори како што ја имаше минатата година ќе биде потврдена и во овогодишниот извештај. Со секоја позитивна реформа се очекува и потврден извештај во кој што Република Македонија ќе ја задржи квалификација за почеток на преговорите за членство со ЕУ сметам дека правиме еден напредок кон нашата заедничка цел тие преговори да ги започнеме што поскоро. И во таа наша заедничка цел чувствуваме дека нашите европски партнери особено Европската Комисија се нашите најдобри сојузници.

Новинар:
 
Господине Милошоски дали на вчерашниот состанок им ветивте решавање на спорот за името и ако им ветивте,кога и на кој начин? И за г. Мета, дали билатералните спорови може да ја забават интеграцијата на регионот, вклучително и Албанија?

Н.Е. г. Антонио Милошоски:

Би сакал да истакнам дека на вчерашниот состанок во Брисел ја изложивме македонската позиција. А таа е следната: Република Маекдонија останува посветена со добра волја и намера да ги продолжи разговорите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на билатералниот спор. Што поскоро се надмине ова билатерално ирационално прашање толку подобро ќе биде и за двете земји и за целиот регион таа енергија да се искористи продуктивно во рамките на европските интеграции. Мислам дека решавањето на македонско-грчкиот билатерален спор не го ограничуваат рокови туку го ограничува најчесто недостатокот на политичка волја и прагматизам или инсистирање на одредени ирационални позиции кои што се неразбирливи во 21-ви век.

Н.Е. г.Илир Мета:

Јас верувам дека Република Македонија ги исполнува сите услови за членство во НАТО, и се надевам дека во блиска иднина ќе започнат и преговорите со ЕУ. Верувам во напорите на македонското раководство за напредок на Македонија и за да најдат што побрзо конструктивно решение за овој спор. Верувам дека изјавата на Сараевскиот самит беше многу охрабрувачка за сите наши земји  со цел сите да работиме да ги решаваме сите проблеми во европски дух. И јас верувам во овој ангажман на Владата на Македонија исто така како што е духот на соработката на Македонија со Албанија.

Новинар:

За двајцата министри, како ги оценувате измените или идеите за измена на поделба на Косово како веројатност на решавање на спорот на Белград и Приштина и дали тоа има рефлексии на сврзани садови на можно планирање на границите?

Н.Е. г. Антонио Милошоски:

Надминувањето на билатералните проблеми, етничките проблеми или граничните проблеми во Југоисточна Европа треба да се одгледа на начин што истите проблеми и предизвици беа надминати помеѓу земјите основачи на ЕУ после Првата светска војна. Тогаш не се рекомпонираа границите и не се градеа  меѓусебни поголеми ѕидови туку истите стануваа неважни бидејќи Европа се обединува на економски и политички план. Затоа решението за регионот не е во ирационалните политики кон некои важни граници туку  во обединувањето  и заедничката соработка во европски регион во кој нема границите нема да бидат важни. Затоа ни треба поддршка од ЕУ за сите земји во регионот и Албанија и Македонија и на Косово и на Србија и на Црна Гора за да можат да станат дел од успешниот европски проект. Затоа нашата заедничка цел е заеднички во тесна соработка  да се бориме против одредени појави на забавеност кај некои политичари во рамките на ЕУ. Желбата на регионот да стане дел од европскиот семејство ќе мора да има капацитет да го победи скептицизмот на одредени европски политичари дека треба да има голема пауза во однос на проширувањето на ЕУ.

Н.Е. г.Илир Мета:

Сосема се согласувам со идејата што ја афирмира г. Милошоски. Таа е многу поприфатлива отколку граѓаните на Балканот повторно да си направат планови и идеи за повторна разделба на Балканот. Затоа што тоа е историјата на Балканот, историја на бесмислени војни и историја која што придонесе нашиот регион да заостане во однос на останатите за тоа невреме на промена на граници. Затоа време е да ја поздравам уште е еднаш изјавата на г-га Ештон  која по мислењето на Меѓународниот суд на правдата даде на знаење дека почнува нова фаза а тоа е иднината за бришење на границите а не создавање на истите.

 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
09.09.2010
МНР Милошоски во работна посета на Брисел
06.09.2010
Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ларс Валунд, ги предаде копиите од акредитивните писма
05.09.2010
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995