nike tn Chaussure TN chaussure puma chaussures puma Ed Hardy Shirts Ed Hardy Clothes
МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Медиа Центар > Соопштенија
 
ВЕСТИ
 

СРЕДБА НА МНР МИЛОШОСКИ СО Г-ЃА ДЕИРДРЕ БОЈД, РЕЗИДЕНТЕН КООРДИНАТОР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО РМ
Скопје, 3 Фебруари 2010 година

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, на 2 февруари оствари средба со новиот Резидентен координатор на Обединетите нации во РМ, г-ѓа Деирдре Бојд.

Министерот Милошоски ја поздрави досегашната добра соработка на Република Македонија со специјализираните агенции и фондови на Обединетите нации кои се активни во Република Македонија. Изрази надеж дека искуството на г-ѓата Бојд во системот на ОН ќе придонесе за натамошно интензивирање на соработката. 
 
Шефот на македонската дипломатија ја запозна г-ѓа Бојд со приоритетите на Владата на РМ на планот на внатрешната и надворешната политика, а посебно се осврна на дел од досегашните и претстојни заеднички активности на ОН и РМ, како заокружувањето на Акциониот план за програмата на УНДП за РМ 2010-2015 година и Акцискиот план за програмска соработка помеѓу РМ и УНИЦЕФ 2010-2015 година.

Новиот постојан координатор на ОН во Република Македонија, Деирдре Бојд, изрази задоволство од досегашниот тек на соработката со македонските институции и изрази интерес за натамошно продлабочување на меѓусебните односи во повеќе области како децентрализација, социјалната кохезија итн.

 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
09.09.2010
МНР Милошоски во работна посета на Брисел
06.09.2010
Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ларс Валунд, ги предаде копиите од акредитивните писма
05.09.2010
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995