nike tn Chaussure TN chaussure puma chaussures puma Ed Hardy Shirts Ed Hardy Clothes
МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Надворешна Политика > Економска дипломатија
 
ЕКОНОМСКА ДИПЛОМАТИЈА
 

Во програмата на Владата на Република Македонија за периодот 2006-2010 година, за прв пат економската дипломатија стана составен дел на ангажманот на македонските ДКП-а во странство. Во текот на  2008 година Министерството за надворешни работи - Директоратот за економска дипломатија активно бешe вклучен во спроведувањето на економска програма на Владата, зајакнувајќи ја економската димензија на дипломатијата. Во таа насока од страна на Владата на Република Македонија е создадена уникатна институционална структура што ја рефлектира посветеноста кон оваа цел, а каде што Министерството за надворешни работи во континуитет има значајна улога во унапредувањето и координирањето на надворешната економска политика и надворешно економските активности. Основната цел која треба да се постигне со реализацијата на економската програма на Владата е економски раст кој би обезбедил подобрување на животниот стандард на сите граѓани на Македонија, намалување на стапката на невработеност, намалување на сиромаштијата и подобрување на бизнис климата. Имплементацијата на таа програма е врвен приоритет на Министерството за надворешни работи.

За постигнување на овие цели Министерството за надворешни работи, презема сериозни мерки за привлекување на странски директни инвестиции, како и зголемување на извозот во други земји. Притоа, активно ги спроведува задачите и заклучоците на Владата на Република Македонија кои произлегуваат од секојдневните активности на економски план.

Промоцијата на економските интереси и приоритети во странство е една од најзначајните оперативни задачи на Министерството за надворешни работи со цел да се престави Република Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите  на правење бизнис, поттикнување на македонскиот извоз, како и зајакнување на позицијата на земјата како доверлив бизнис партнер.

Во овој контекст во соработка со Агенцијата за странски инвестиции (АСИ) испратени се економски промотори со цел да се зајакне капацитетот на економската дипломатија во делот на реализирање на наведените активности од Програмата на Владата на Република Mакедонија. Истовремено, со цел зголемување на перцепцијата на нашата земја, нејзините убавини, нејзиниот идентитет, нејзината култура итн, Министерството за надворешни работи преку Дипломатско-конзуларните претставништва врши промоција на брендирањето на Република Македонија со што нашата земја ќе биде попрепознатлива во светот.

Поуспешната реализација на програмската активност во областа на економската дипломатија е особено поврзана со заеднички координирани активности помеѓу ДКП-ата и економските промотори испратени од АСИ.

МНР – Директоратот за економска дипломатија, согласно досегашните искуства во реализацијата на обврската за посета на 10 компании месечно од страна на шефовите на ДКП-ата, оцени дека неопходно потребно е да се вградат и одредени квалитативни елементи во овој критериум, а како прв чекор направен на овој план беше класификацијата на земјите според нивните економски параметри и степенот на пројавениот интерес за соработка со РМ. Како резултат на тоа, Владата на РМ донесе заклучок МНР да даде нова инструкција до сите ДКП -а за остварување на 100 и 80 средби годишно согласно усвоените критериуми.

Почнувајќи од 2008 година Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи ги задолжи амбасадите и конзуларните претставништва секој ден да испраќаат до Министерството за надворешни работи детални информации за објавувањето на тендерите во земјите каде работат, а тие информации Министерството за надворешни работи веднаш, по електронски пат ги дистрибуира до компаниите од Република Македонија кои имаат интерес да конкурираат на тендери во други држави, така што на истите им се отвора можност за правење поголем бизнис надвор од границите на Република Македонија.

Во правец на продлабочување на досегашната соработка на Министерството за надворешни работи со УСАИД обезбедени се 500 примероци на Извештајот за надворешната трговија на Република Македонија за 2008 година на англиски јазик. Извештајот ќе се дистрибуира до нашите ДКП-а во странство од причини што цениме дека претставува корисен материјал при презентирање на инвестиционите можности што ги нуди Република Македонија на странските партнери.

Исто така, Министерството ги координира активностите за подготовка и реализација на Бизнис форумите во странство. Како успешно реализирана активност беше организирањето на неодамнешниот Бизнис форум во САД (Чикаго и Калифорнија) каде покрај промоцијата на Македонија како поволна дестинација за странски инвестиции, во Силиконската долина во Калифорнија беа промовирани и македонските ИТ компании, како и еконскиот дел од официјалната посета на премиерот Груевски на Република Словенија во јануари 2009 година.

Активност во тек е подготовката  на економскиот дел од средбата на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски со Почесните конзули на Република Македонија во странство, што ќе се одржи од 28 до 30 април 2009 година во Скопје.


ДОКУМЕНТИ
 
 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
09.09.2010
МНР Милошоски во работна посета на Брисел
06.09.2010
Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ларс Валунд, ги предаде копиите од акредитивните писма
05.09.2010
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски за Радио Слободна Европа
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995