МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Надворешна Политика > Македонија и НАТО
 
МАКЕДОНИЈА И НАТО
 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАТО

Членството на Република Македонија во НАТО останува стратегиски приоритет на надворешна политика на нашата земја. Интеграцијата во Евро-атлантските структури е наша аспирација, но и логична последица на постигнатиот напредок, во кој земјата инвестираше повеќе од една деценија.

Република Македонија својата определба за интеграција во Евро-атлантските структури ја дефинираше уште во 1993 година, кога Собранието на Република Македонија едногласно ја усвои Резолуцијата  за пристапување на Република Македонија во НАТО и истата повторно ја потврди во 2007 година.

Како долгогодишен партнер, Република Македонија се докажа како достоен сојузник на Алијансата, подготвена да ги промовира заедничките демократски вредности и одговорности. Република Македонија останува на определбата за учество во активностите на меѓународната заедница со цел справување со заканите и предизвиците по меѓународниот и регионалниот мир и безбедност.

Во финалната Декларација од Самитот на НАТО во Букурешт (2-4 април 2008 г), јасно беше призната посветеноста на Република Македонија кон вредностите и оперативните активности на НАТО и напредокот на земјата во севкупните реформски процеси. Сепак поканата за Република Македонија за полноправно членство во НАТО изостана, со образложение дека ќе биде испратена веднаш штом ќе се изнајде заедничко прифатливо решение за спорот околу името.

Република Македонија во целост ги реализираше плановите и активностите предвидени во 10-от циклус на Акциониот план за членство. Во тек е реализација на 11-от циклус на Акциониот план за членство и имплементација на задачите презентирани во Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2009 – 2010 година.

За Република Македонија и по Самитот на НАТО во Букурешт, процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ нема алтернатива. Интеграцијата во семејството на слободни демократии не е прашање на избор за Република Македонија, ниту пак наметната обврска, тоа е прашање на природна фузија на целите и вредностите на кои земјата е целосно посветена.


ДОКУМЕНТИ
 
 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
29.07.2010
Препорака за патување во Република Грција
29.07.2010
Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија ги предаде копиите од Акредитивните писма
28.07.2010
Завршен разговр на Мартин Треневски, Амбасадор во Мисијата на Република Македонија при НАТО
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
Македонски Економски Водич
ДОКУМЕНТ
 

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА
1995