ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТРАНЦИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ОБЕЗБЕДАТ ВИЗА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Услови и постапка:
• Странец кој има намера да влезе и престојува во Република Македонија или да помине преку територијата на Република Македонија треба да обезбеди соoдветна виза пред неговото влегување во Република Македонија;
• Барањето заедно со комплетната пропратна документација се поднесува до територијално надлежното ДКП. Во случај кога во државата во која странецот живее, односно престојува нема дипломатско-конзуларно преставништво на Република Македонија, странецот барањето за издавање на виза го поднесува до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во најблиската држава;
• Почнувајќи од февруари 2008 година, визите за влез во РМ се издаваат преку Националниот систем за визно работење, што подразбира одвивање на целокупната постапка преку системот вклучително печатење на стикер со интегрирана фотографија;
• Барањето за издавање виза заедно со останатите задолжителни документи се поднесува лично. По исклучок, кога растојанието до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија е преголемо, а не постои сомневање во однос на чесната намера на барателот, дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во странство може да овозможи, барателот, барањето да го достави до ДКП (амбасадата/конзулатот) по е-маил или преку по пошта, но во тој случај ќе мора лично да ја подигне визата;
• Во случај на електронско аплицирање за виза, документите задолжително се скенираат во JPG формат и тоа со резолуција од 300 dpi за фотографијата, односно 150 dpi за останатите документи;
• За добивање македонска виза за краток престој престој, до 90 дена, (виза Ц), односно транзитна виза (виза Б) потребни се следните задолжителни документи:
- важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ
- документи за (индивидуално или колективно) патничко осигурување (полиса издадена од осигурително правно лице во државата каде престојува)
- нотарски заверено гарантно писмо односно покана од македонско физичко/правно лице
- доказ дека поседува доволно средства за престојот во РМ (кред кртици/банка)
- фотографија (димензии 3,5х 4,5 см) во боја на бела позадина која верно го прикажува ликот на барателот
- доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на визата
- уредно и читливо пополнето барање за виза
• За добивање виза за долгорочен престој во ДКП се поднесуваат пополнет Образец 2 заедно со пропратните документи кои соодејствуваат на видот на визата а кои се наведени во документот ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА
• За добивање дополнителни информации за условите и постапката за добивање виза, како и за сите информации околу текот на почнатата постапка за добивање виза, надлежно е ДКП во кое е почната постапката и барателот на виза треба да се обрати во надлежното ДКП (амбасада / конзулат)
* листата на амбасади/конзулати на Република Македонија е наведена на интернет страната на МНР
***
Странци, носители на важечка патна исправа на трета земја, за која согласно визниот режим на Република Македонија е потребна виза за влез во Република Македонија, може да влезат во Република Македонија без македонска виза,
* доколку имаат регулирано постојан престој во земја – членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор, односно
* доколку поседуваат важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку 5 (пет) дена од планираниот престој на странецот во Република Македонија, при што
- при секој влез на територијата на Република Македонија, странецот може да престојува во Република Македонија најмногу до 15 (петнаесет) дена,
- вкупното траење на последователните престои во Република Македонија, не смее да биде подолго од 3 (три) месеци во текот на секој шестмесечен период, сметајќи од денот на првото влегување.
***
Државјаните на земјите членки на Европската унија и на земјите потписнички на Шенгенски договор можат да влегуваат во Република Македонија и со важечка лична карта издадена од надлежните органи на земјите членки на Европската унија и потписнички на Шенгенскиот договор.
|