|
|
| | КОНЗУЛАРНИ РАБОТИ
- Барање на изчезнати лица во странство
За барање на исчезнати лица во странство потребно е да се достави писмена молба до МНР-Сектор за конзуларни работи со детални податоци за лицето кое се бара: Име и презиме, датум на раѓање, последно место и адреса на живеење во странство, како и други релевантни податоци заради лоцирање и барање на исчезнатото лице.
- Инфомирање и совети за патувања за и престој во странство
Кога државјаните на РМ патуваат и престојуваат во странство треба да имаат сознанија за земјата на престојот, да внимаваат на спецификите на нејзините закони и обичаи и да ја сносат одговорноста за своите постапки. Исто така треба да имаат разбирање за практичните правни ограничувања за тоа што можат да очекуваат од конзуларните службеници како помош и услуга, особено во случај на постоење на двојно државјанство. При патување или претој во странство државјаните на РМ подлежат на законите и прописите на земјата во која престојуваат. Конзуларните службеници не можат да ги заобиколат ниту локалните прописи , кои во одредени земји можат да бидат многу поинакви од вообичаените стандарди. Во случај на потреба за било каква помош и услуга држвјаните на РМ во странство треба да се обратат до најблиското дипломатско-конзуларно претставништво на РМ.
- Помош на уапсени или затворени лица во странство
Треба да се поднесе писмена информација за лицето кое се наоѓа во затвор, доколку таква информација не се добие од надлежните органи на државата во која лицето е затворено, со сите релевантни факти и сознанија за притворениот.
- Трансфер/депортација/репатријација на лица од странство
Депортацијата /екстрадикцијата од странство на државајни на РМ се врши по службена должност за што се задолжени државните органи. Но во одредени случаи може да се информира и МНР-Секторот за конзуларни работи од странки во земјата и да се бара помош во вакви ситуации. За таа цел потребно е да се достави писмено барање со сите релевантни информации за лицето кое треба да се трансферира во земјата.
МАКЕДОНИЈА И НАТО
- Што прави НАТО?
Северно Атланската Договорна Организација (НАТО) е Aлијанса на 26 земји од Северна Америка и Европа, посветена на исполнување на целите од Северно Атланскиот Договор потпишан на 4 Април 1949 година. Во согласност со Договорот, фундаментална улога на НАТО е заштитата на слободата и безбедноста на земјите членки со политички и воени средства. НАТО игра голема и важна улога во зачувување на мирот и менаџирањето со кризи.
- Дали НАТО има свои сопствени вооружени сили?
Сите земји – членки кои учествуваат во воениот аспект на Алијансата придонесуваат со воени сили и опрема, со што заеднички ја поставуваат интеграционата воена структура на Алијансата. Овие сили и средства остануваат под национална команда и контрола се додека не дојде време кога ќе му бидат потребни на НАТО за конкретна намена (на пр. конфликт или криза, чување на мирот и др.). НАТО сепак поседува одредени општи способности во сопственост и контрола на Алијансата како што е AWACS – авион со радар за навремено (рано) предупредување.
- Кои се условите за придружување во НАТО? Кои земји се спремни да влезат во НАТО?
НАТО има политика на отворени врати во однос на проширувањето. Секоја европска земја што ги почитува принципите на Вашингтонскиот Договор и дава придонес за сигурност во Евро-атланската зона може да стане член на Алијансата по покана на Северно Атланскиот Совет. Од земјите аспиранти за НАТО се очекува да исполнат одредени политички, економски и воени цели за да се осигура дека тие ќе станат придонесувачи за безбедноста во Алијансата, како и да станат нејзини корисници. Акциониот План за членство во НАТО е дизајниран така, да им помогне на земјите аспиранти во нивните подготовки, давајќи им рамка што му овозможува на НАТО да ги канализира помошта и практичната подршка кон нив на сите аспекти кон НАТО членството.
- Која е позицијата на НАТО за Ирак
Кампањата против Ирак во 2003 година беше спроведена од коалиција на сили од различни земји. Некои од нив беа, а некои не беа членки на НАТО. НАТО како организација немаше улога во кампањата но презеде мерки според член 4 од Северно Атланскиот Договор за да се обезбеди безбедноста на еден од нејзините членови, Турција, заради можните закани кон неа како резултат на војната во Ирак. На 21 мај 2003 година НАТО се согласи да ја подржи Полска, членка на НАТО во водството на секторот на силите за стабилизација во Ирак. Во август 2004 година со одговор на барањата на Ирачката Привремена Влада НАТО воспостави Тренинг Мисија во Ирак. НАТО е вклучен во тренингот и техничктаа подршка, но не е вклучен борбено. Цел на мисијата е да и помогне на ирачката влада да го изгради капацитетот за да одговори на безбедносните потреби на ирачкиот народ.
- Која е улогата на НАТО во борбата против тероризмот?
На 12 Септември 2001 помалку од 24 часа после терористичкиот напад на САД, НАТО изјави дека нападот е напад против сите 19 НАТО земји – членки според член 5 од Северно Атлантскиот Договор. Главната одлука беше придружена со практични мерки во насока за помагање на САД на различни полиња, во контекст на нејзината кампања против тероризмот.
- Дали е НАТО вклучен во Авганистан?
Да. Преку лидерство во Мисијата „Сила за асистенција на меѓународната безбедност“ (ISAF), НАТО помага во создавањето услови во Авганистан со кои ќе се воспостави демократска влада и самоодржлив мир и безбедност. НАТО ја превзема командата и координацијата над ISAF во Август 2003. Ова е прва мисија вон Евро-атланската област во историјата во НАТО. Иницијално, Алијансата се грижеше за безбедноста во и околу Кабул, додека сега е во процес за проширување на мисијата во останатите делови на земјата.
- Кој е статусот на Русија – дали е земја партнер?
Да. НАТО и Русија реципрочно се заложија да работат заедно со цел да изградат стабилен, безбеден и неподелен континент врз основа на партнерството и заедничкиот интерес во 1997 г. Оваа заложба беше зајакната во Мај 2002 г. со создавањето на Советот НАТО-Русија, во кој што се вклучени 26-те сојузници на НАТО и Русија со цел да ги идентификуваат и остварат можностите за заедничка акција како еднакви партнери.
- Кои се официјалните јазици во НАТО?
Двата официјални јазици се англискиот и францускиот јазик.
- Колку чини НАТО и кој го финансира?
НАТО е меѓувладина организација во која земјите членки ги алоцираат потребните ресурси за функционирање на Алијансата врз основа на секојдневната проценка. НАТО има три буџети: еден цивилен и два воени. Секоја земја членка на НАТО уплатува во буџетите одредена сума врз претходно договорена формула. Вкупно земено овие буџети преставуваат помалку од половина од еден процент од вкупните буџетски средства на земјите членки
МЕЃУНАРОДНО ПРАВО
- Кои меѓународни договори се правно обврзувачки за Република Македонија?
Само меѓународните договори (билатерални или мултилатерални) кои согласно законска постапка се ратификувани од страна на Собранието на РМ се правно-обврзувачки за РМ. Постојат и други форми на спогодувања кои не се предмет на ратификација и за кои информации може да се добијат во Директоратот за меѓународно право во МНР.
- Како и каде може да се добијат информации за меѓународните договори чија договорна страна е РМ?
Информации за Меѓународните договори чија договорна страна е РМ може да се добијат во официјалната интернет страна на МНР во делот надворешна политика.
- Каде може да се најдат текстовите на меѓународните договори?
Текстовите на меѓународните договори чија договорна страна е РМ се објавуваат во Службениот весник на РМ. |
|
|